развиен (прид.) - технологија (имн.)

Филмот, во тој контекст, е голем синтетизатор на уметничките родови, а фактот што се појавува најдоцна во една историска смисла (време на развиена технологија)само ја потврдува неговата способност за еманципација на многу дејности дотогаш неможни за интегрирање во еден концепциски проект.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Фантазмот на двојникот кој со помош на развиената технологија на виртуелната стварност ќе се оствари во иднина, дополнително потврдува дека телото набрзо ќе делува и во некоја друга реалност, дека најпосле ќе се одомаќи во една информатичка материја којашто со себе носи поинакви физикални законитости.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)