разбрануван (прид.) - вода (имн.)

Оттогаш ја добива целосно својата смисла симболиката на водата, со едно езеро синоним на чистотата, појавено многу време пред човекот, со својата разбранувана вода која, откако ќе го напушти својот вечен резервоар, не знае граници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Навечер, држејќи се за рака, вљубено чекореа по тврдината на бечејското пристаниште, огледувајќи се во зелените разбранувани води на моќниот Дунав.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во привидот на разбрануваната вода, веднаш зад грбот на Лев Петрович; во необјаснивото видение што и овојпат го создаде завесата и прекривачот на каучот, наеднаш го видов Адам, како силуета, и штотуку разбуден.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
По игра на случај, застанаа пред излогот на една книжарница во кој, меѓу другите книги, се наоѓаа и бројни трудови за разни врски меѓу науката и уметноста: Уметност и физика: Паралелни гледања на просторот, времето и светлината од Ленард Шлејн; Книжевноста во квантниот космос на Сузан Стрела; монографии со величествено сложените Манделброови фрактали, како компјутерски генерирани, така и фотографирани во нивните многу­бројни природни манифестирања; конечно, mirabile dictu, календар за следната година илустриран со Да Винчиевите цртежи на разбранувана вода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)