радосен (прид.) - опиен (имн.)

Сенките, со своето навестување дека можеби и ние сме сенка на некоја суштина која ќе ни остане тајна сѐ додека не ѝ се вратиме, се дел од оние чуда на секојдневието кои најчесто остануваат незабележани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И кога ќе ги слушнев неговите чекори во ходникот, легнував на мојот кревет, го навлекував над мене чаршафот како што некогаш правевме заедно – држејќи го со прстите над главата, и наместо некогашната радосна опиеност, чувствував како болката ме клука во градите, како се обидува да дојде до моето срце. 3. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)