радикален (прид.) - реформа (имн.)

Напливите на исламскиот фундаментализам, по светската петролејска криза во 1973 година, во земјата во која за првпат во муслиманските земји на арапските простори, по радикалните реформи на Ататурк во Турција, по реформите и лаицизацијата на општеството, замислени и спроведени од таткото на нацијата Хабиб Бургиба, започнаа да ја разделуваат земјата и да ги загрозуваат фундаменталните придобивка на револуцијата на Хабиб Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во новиот турски, односно прочистен јазик, според радикалните реформи на Ататурк, немало стари зборови од туѓо потекло кои баба Хазбије, ги научила во животот заедно со јазикот на страдањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)