радикален (прид.) - животно (имн.)

Геј-луѓето, онака решени да се интегрираат во поширокото општество и да си ја покажат суштинската нормалност, брзаат да ги прифатат хетеросексуалните облици на живеење, вклучително и хетеросексуалните норми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не само што меѓу нас излегле од мода геј-верзиите на радикалната политика, на радикалниот секс и на радикалните животни стилови, туку геј-луѓето изгледа одново ја откриваат и ја промовираат супериорноста на хетеросексуалните општествени облици, вклучително и фрапантно архаичните форми (како венчалните огласи во друштвените рубрики на локалните весници) кои ги напуштаат дури и самите хетеросексуалци.455 Се трудиме да ги победиме хетеросексуалците на нивни терен. ‌Повеќе нормалност, изгледа, веќе не ги задоволува асимилациски настроените геј-луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па сепак, геј-ослободувањето и од понеодамна, движењето за геј-правата не ја поништиле општествената и идеолошката доминантност на хетеросексуалноста, иако хегемонијата ѝ ја направија малку понесигурна и не толку целосна. ‌Наместо тоа, изгледа дека се случува спротивното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сведоци сме на подемот на еден нов и силен култ на геј-обичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На тој начин, тие ги прифаќаат поимите со кои се артикулира хетеросексуалната доминантност и позитивно ги промовираат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)