работнички (прид.) - кој (зам.)

Исто така, беше регулирано дека доколку работата предизвикува ризик по здравјето на мајката и детето, согласно прописите за безбедност и здравје при работа кои се однесуваат на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат, во тој случај работодавачот е должен да ја извести работничката за овие опасности при склучувањето на договорот за вработување (чл. 3 од ЗИДЗРО/јан.13); б) забраната за работодавачот да го откаже договорот за вработување поради бременост, раѓање, родителство или отсуство поради нега и чување на деца, освен за работничката, со новата формулација се прошири на секој работник, што од аспект на родителството е позитивна промена, бидејќи ниту еден пол нема ексклузивитет во подигањето и воспитувањето на детето и двајцата родители (онаму каде што ги има) еднакво придонесуваат за неговиот правилен раст и развој (чл. 23 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Децата што Густав ги имаше со нив за него беа плод на еден кус и во потполност завршен чин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За среќа, Триманова не беше во онаа група работнички кои првично ги повлекоа тужбите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од него забремениле жени кои изгледале десетина години постари од својата вистинска возраст и кои го чистеле неговото атеље, девојки кои биле модели за неговите слики, работнички кои ги среќавал кога доцна попладне, уморни, од фабриките се враќале дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се воведе и дополнителна заштита на бремените работнички кои работат со опасни хемиски материи да бидат запознаени со дополнителните ризици од овие супстанци за нив и неродените деца (чл. 29 од ЗИДЗРО/септ.10); ● второ, доколку работничката се породи порано од претходно утврдените рокови (45, односно 28 дена), породилното отсуство почнува да го користи од денот на раѓање на детето до истекот на рокот предвиден за траење на породилното отсуство (9 месеци, односно една година за близнаци, тројка и повеќе деца).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тие, немајќи потребно правно знаење, а и како поевтина варијанта, заеднички се обраќаат до адвокат (А. Мандак) – кој­ тогаш, пак како попрактично решение им изготвува индивидуални тужби и потоа, поединечно, ги застапува при преземањето на сите правни дејствија – сѐ до завршувањето на спорот, за што си наплаќа 10% од вредноста на целиот спор, плус адвокатски трошоци согласно Адвокатската тарифа (1993)8 – коишто во нејзиниот конкретен спор изнесуваат вкупно 4.760 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако наидува на крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос од претпоставените и откако увидува дека е изманипулирана и практично не постои можност за вонсудско решавање на спорот, таа – заедно со уште десетина работнички 282 кои се најдоа во ист кош, а охрабрени од позитивното искуство на некои работнички од истото трговско друштво, кои уште од порано се одважиле спорот да го решат по судски пат – решаваат, во јули 2009 – та, да поднесат колективна тужба против нивниот довчерашен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)