работен (прид.) - народ (имн.)

Немаше многу други капачи/излетници во околината, а оние коишто беа тука изгледаа изразито локално; ние воопшто не знаевме арапски, освен неколку безобразни зборови собрани од Шехерезада, и иако поголемиот број од мароканските деловни луѓе зборува француски, шпански или англиски, тоа не е случај со обичниот работен народ.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ти си дом наш светол на работен народ во секоја душа, град, фабрика, село живееш и растеш а со Тебе ние, Републико наша, наше дружно дело!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Спроти нив, на другиот крај од просторијата, наседнати се двајца претставници на Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, секретарот на партиската организација, претседателот на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, претседателот на синдикалната организација, претседателката на младинската организација, потпретседателот на Сојузот на борците и две жени, веројатно претставнички на женската организација.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога Ласте, поттикнат од својот татко Веселин, се пресели во Метрополата, првин се зачлени во Фармацевтското друштво “Во здраво тело - здрав дух”, формирано под покровителство на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како негова спротивност, раководителот на градбата беше небаре излезен од гардероба: со качкет од јагнешка кожа, со јакна од телешка кожа и четири џеба, со фицерски брич - панталони вовлечени во теренски чизми од свинска кожа - тој ќе се исправеше на единствената скала од штабната барака, на дискретна височинка од долен ракурс, во поза на командант што ја прима смотрата на построените бригади, но поглед вперен над нивните глави, во визијата на езерото или барем на асфалтираниот пат што ќе поминува по грбникот на браната и ќе го опашува езерото, по чии брегови место потопени села ќе се редат современите летувалишта на работниот народ, а првенствено на неговите претставници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Работното место на Гоше, всушност, му беше подарено или, со оглед на околностите, тоа беше измислено за него, како благодарност за она што се нарекува минат труд, за неговиот влог во соработката со тајните служби за безбедност - поткажувач од посебен агол на гледање и слушање, регистратор по хоризонтала, без толкувања, и со јасно означен радиус: во кругот на Противпожарната единица за руралните средини околу Метрополата, формирана под покровителство на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)