пуст (прид.) - улица (имн.)

Потоа, пуста улица, црвен автомобил што ненајдено се појавува и минува, бучејќи како побудален, а човекот седнат на тротоарот го следи неговото минување, спокојно повлекувајќи уште еден чад.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Вториот пат летав ниско и занесно над тивка пуста улица со мирис на багрем, во засенчан портокалово - црвеникав залез, или можеби најаве минував низ оваа улица и посакав да летнам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Читателката значи, која седнала да ја чита оваа приказна, заборавајќи некаде некој клуч, па сега има право на тајното име Асенета, треба да го сонува следниот Женски сон: Сонувам како навечер одам по пуста улица.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И само господ знае каде одат тие, што мислат и што чекаат од оваа новогодишна ноќ во која неочекуваниот свет ги покрива ретко расеаните капки крв во пустите улици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Низ овие пусти улици сум само уште еден заборавен скитник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тешките чекори се сѐ почести, и непознатиот зад мене трча. Тој ме гони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Колата завртува зад последната куќа; зад неа останува тапо тропање на тркала и поткови, гаснејќи полека и оставајќи зад себе глува празнина во пустата улица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Туѓа ми е љубовта небесна, ја чувствувам како своја тагата и омразата што ме опила и на дното од чашата како последна капка најпрефинето вино чека да се стопи на усните на некој безначаен лик.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)