пуст (прид.) - надеж (имн.)

Од сето тоа останаа старите клучеви на куќата и пустата надеж на враќањето, кое, беа уверени Татко и Мајка, никогаш не ќе можеа да го стигнат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, веднаш ќе додадам: со појавувањето на Ѓурчин во моите размисли многу често наидуваше и една цеала толпа горчливи сознанија!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ѓурчин е секогаш првиот што ми иде на ум кога ќе се обидам да го изнесам надвор од себеси оној куп ноќи и денови, што повеќе наликуваа на сон а не беа ни сон ни пуста надеж туку многу често се прелеваа и во реката на недосонуваниот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ој ти дете, горско дете По ливади ти што трчаш Разгазуваш килим цветен Не сетуваш старска срџба Јас пак чекам тебе дома Да разведриш душа стара Да потсетиш тажна мома На младоста што ја бара Загубила дете таа Од јадови пуста надеж И живот и така мина За други си душа даде Ој ти дете мало диво Што ми лач во очи носиш Потсети ме што е живот Што правила вечно коси. 2002
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А Мајка ја носеше и врската клучеви, клучевите на нашето враќање, клучевите на нашата пуста надеж.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа остана во последната куќа на нашето семејство во егзил, со сега запустената врска со клучеви, од напуштените куќи крај морето и крај Езерото, но сѐ уште со пустата надеж дека некој, сепак, ќе им ги најде вистинските брави.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пустата надеж. Војските се тука за да војуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нам ни остана само клучот од куќата, во врската со други­те клучеви од напуштените куќи, при преселбите, со пустата надеж оти ќе се вратиме во нив пред да ’рѓоса бравата на заборавот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)