пуст (прид.) - место (имн.)

Не, ова не е некое пусто место (во нас пустините се дамнешни болести) Под јазикот на змиите расте коприва а ветерот е питом како ѓурѓовденско јагне.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сега, од ова пусто место, од овој очај и овој крај, јас убаво распознавам време во кое некогаш бев жив...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Не може да е ова некое пусто место! шета мисла во Чана, а таа мисла е и во главите на другите од вагонот, а веројатно и во главите на другите во другите вагони.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)