пуст (прид.) - лакомштина (имн.)

МАРА: Тоа што му е времето сега да се брза да се сработи не е лошо, лошо е кога човек од пуста лакомштина претерува.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
САВЕТКА: Пустана лакомштина што ја има за пари и пустине фалби, тие не му чинат...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да не беше ова лежење така ќе скапуваа луѓето од работа, од пуста лакомштина што повеќе да се има.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)