психолошки (прид.) - или (сврз.)

Наводно несовпаѓање со некоја психолошка теорија за човечката когниција Како што забележавме порано, нападите на AI често пати добиваат форма во која таа се сфаќа како некомпатибилна со некоја друга психолошка или невролошка теорија која се смета за авторитативна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Со други зборови, дали мораат нашите интелигентни артефакти да функционираат, било психолошки или биолошки, како што функционираме ние?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тоа што решив да го започнам поглавјево расправајќи за неговиот приказ на културните практики на геј-мажите и наведувајќи ги моите несогласувања со него е зашто му се восхитувам на делото и зашто сериозно го сфаќам тој предизвик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите толкувања од ова и од претходното поглавје начнуваат битни аспекти на сцената од Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе се навратиме пак на некои нивни елементи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, некои од нив премногу очигледно зависат од едно тематско или психолошко или алегорично читање, кое го третира судирот мајка-ќерка просто како кодирање на машкото геј-искуство (отфрленост од мајката, обезмоќеност, пркос, излегување).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако хомофобијата понекогаш дејствува не толку да ги угнетува хомосексуалците колку што да го варди однесувањето на хетеросексуалците и да ги тера еден со друг строго да се држат во согласност со наложеното од соодветните полови и родови улоги, од страв да не заличат настрани, можеби една од општествените функции на трансфобијата е да го варди однесувањето на лезбејките и на геј- мажите и преку терор да ги натера да му се потчинат на родовиот стил што се смета за соодветен за нивните полови. ‌А, се разбира, има и многу други лоши причини, покрај трансфобијата, геј- мажите денес без многу мислење да го отфрлат аргументот на Фелоус: сексизмот, мизогинијата, женственофобијата и/или некоја готовност ним да им се угодува; мачоизмот, снобизмот, срамот, одрекувањето, рефлексниот антиесенцијализам и најразличните други облици на постоунволскиот геј- ослободителен догматизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-научниците и геј-критичарите воопшто не се понесклони кон тоа од другите геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи и самиот сум дете на стоунволската доба, инстинктивно и мене ми доаѓа да барам политички или општествени објаснувања зошто геј-мажите се такви какви што се, а не биолошки, психолошки или вродени причини, а сакам и да ја изнесам средишноста на истополовата еротичност во машката хомосексуалност, а не само настраниот или трансродовиот сензибилитет. ‌Фелоус наметнува полезен предизвик за стандардното постоунволско гледиште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се формираа во дека општеството “шлајфува”, нерешително каде една ксенофобична средина. да тргне, и дека реформите, барем во некаква Околу себе, растејќи, психолошка или идеолошка смисла (а веројатно гледаа само страв.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога ги имаме таквите закони, толеранцијата не е само медицинска, психолошка или морална ознака на способноста на пасивниот пушач да ги поднесува непријатните и штетни никотински облаци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На кршителите на таа граница, со тој закон против пушењето им се спротивставува здружената моќ на политичката заедница, што борбата против пушењето ја признала за јавен интерес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На овие видици на вреднувањето на неговата трпеливост законот им додава одредби, што претходните не ги отстрануваат, туку ги надополнуваат во разграничувањето на дозволеното и недозволеното.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)