психолошки (прид.) - профил (имн.)

Кратки биографски цртички: магистер Кракатау: генијален сликар и вулгарен политички полемичар; едното крило му е малку подгорено па затоа последниве стотина години гравитира кон пингвинска еманација (се дружел како со Бодлер така и со неговиот албатрос; како со Флобер така и со неговиот папагал); феноменален познавач на историјата на сликање на животни; пријателите ги бира според степенот на птицоликост што го поседуваат (П. Вулкански, на пример, 31,3 % од него е клун; остатокот е од вулканско потекло; в. го автобиографското дело Кракатау и Попокатепетл загубени во лавиринтот); магистер Кракатау инаку е еден од најфанатичните заговорници нашата безимена земја да го добие името Маусдонија; зиме живее во оставените штрковски гнезда во Скопје, лете заминува за Келн, кадешто глуми во филмови со препарирани животни; неоженет. доктор Каљостро: неговиот вистински психолошки профил е тотална мистерија иако неколку пати бил на опсежни психолошки испитувања; Апстрактниот Скарфејс и Снежниот Принц се само некои од неговите прекари; за разлика од мг.Кракатау, мг.Каљостро гравитира кон минус, кон мраз.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Понавредливо од тоа дека нејзините ликови имаат психолошки профил на амеба можеше да биде само тоа дека таква, лигава и леплива едноклеточна маса, е и самата таа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)