психолошки (прид.) - војна (имн.)

Кај се бе ова Турциве? Сврти во жандармерија, види до кај се. Психолошка војна, речи, да не водите?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
При здобивањето поголемо искуство во однос на активностите, за ОСС посебно внимание се посветувало на британското искуство во „психолошката војна“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пред британските стратези, во годините по паѓањето на Франција во 1940 година и по германската инвазија на СССР во 1941 година, се поставило прашањето на кој начин Велика Британија, на која во тој период ѝ недостигале сила и војска за да се истовари на европскиот континент, ќе може да го ослаби Рајхот и како да му нанесе конечен пораз на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)