психички (прид.) - функционирање (имн.)

Тоа што оргазмот навистина има голем органски потенцијал, не значи дека нема и функционална вредност за психичката сексуалност и за психичкото функционирање, без оглед на неговата функционална вредност во економијата на соматското тело.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На крајот на оваа “прошетка” низ односите меѓу психичкото функционирање и биолошкиот поредок, мораме да го споменеме исклучителното значење на сексуалниот живот, односно сексуалниот однос, посебно на оргазмот врз работата на сонот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поаѓајќи од еротската желба упатена кон објектот на љубов, којашто го организира психичкото функционирање, сексуалниот однос доведува до празнење кое не се исцрпува само во полето на волевата туку и на автоматската моторика, која ја подразбира мазната мускулатура, ендокриниот и кардиоваскуларниот систем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Попрво тоа означува недостаток на стабилност, а во секој случај одредена ригидност на психичкото функционирање, кое не се осмелува да се препушти на доживување на телесно задоволство поради страв дека во него ќе се изгуби, и ќе ја загрози психичката рамнотежа и кохезијата на Егото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дали можеби, на крајот на краиштата, соматизацијата е единствена цел на психичкото функционирање?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)