психички (прид.) - рамнотежа (имн.)

Во тоа е клучниот момент: денес општеството не е ништо помалку репресивно отколку во времето на „човекот на организацијата”, верниот службеник на Институцијата; токму спротивното, разликата е во тоа што општествените барања не ги преземаат веќе облиците на Идеалното Јас, на интегрираниот „внатрешно среден” симболичен код туку се останува на рамништето на пред-ојдиповото над-јас: “Во општеството што бара да се служиме со некое поставено правило во општестве­ните односи, и кое честопати истите правила ги сместува во кодот на моралната еднаквост, индивидуумот мора да се бори за да ја сочува психичката рамнотежа; сето тоа ги потпомогнува облиците на сконцентрираност во себе, што потсетува на примарниот нарцизам на империјалното јас.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Попрво тоа означува недостаток на стабилност, а во секој случај одредена ригидност на психичкото функционирање, кое не се осмелува да се препушти на доживување на телесно задоволство поради страв дека во него ќе се изгуби, и ќе ја загрози психичката рамнотежа и кохезијата на Егото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)