психички (прид.) - живот (имн.)

Така со право можеме да се запрашаме дали сиот психички живот се одвива помеѓу градење на потиснатото Несвесно преку сонот и разградување преку оргазмот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога оргазмот значи дополнување на сексуален однос базиран на зрели објектни релации, тој претставува остварување на циклусот којшто, тргнувајќи од психичкиот живот, завршува со неуровегетативниот рефлекс.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На тој начин и уметноста возвратува („fights back“) и повторно ја освојува својата територија на која со поп-културата развива еден однос на взаемно интерпретирање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овде постои еден, за психоаналитичарот зачудувачки парадокс, бидејќи најблагородната активност на психичкиот живот, градењето на објектната релација го завршува со празнење кое е обична соматизација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нагонот на смртта е клучен за развојот на Фројдовата идеја за психичкиот живот „од онаа страна на принципот на задоволство“ бидејќи „принципот на задо­волство е тенденција којашто се наоѓа во служба на некоја функција на која ѝ припаѓа задачата душевниот апарат потполно да го ослободи од возбуде­ност или количината возбуденост да ја држи што пониска или константна“.3 Во заднината на овој принцип Фројд гледа „умртвувачка“ функција, која има удел во општото настојување на сето живо да му се 3 Сигмунд Фројд, С оне стране принципа задоволјства, Нови Сад 1994, стр. 164. 174 okno.mk врати на мирот на анорганскиот свет (фамозниот нагон на смртта).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нивниот душевен расцеп е подлабок од обична регресија кон пониските степени на психичкиот живот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)