пропаганден (прид.) - материјал (имн.)

ГШ сметал дека нема потреба од нивно присуство, особено што одделни членови на британската и американската воена мисија доаѓале во допир со „реакционерните“ елементи, ја клеветеле нова Југославија и се занимавале со растурање пропаганден материјал.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сѐ уште не сум видел некој од режисерите, уште помалку од директорите, од уметничките директори на театрите, да ја изартикулираат (па нека биде тоа и во пропагандниот материјал) причината поради која театрите ни се полни со претстави работени по делата на Шекспир, Брехт, Жари, Лем, Гловацки, Тарантино.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во денешно време нема потреба од печатење на пропаганден материјал.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На 14 декември Тито испратил телеграма до ГШ на НОВ и ПОМ со која ги запознал дека на „протест на Англичаните и Американците, ние ги оставаме и натаму нивните воени мисии кај вас во Македонија, исто како и советската“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
ГШ на НОВ и ПО на Македонија сметал дека по ослободувањето на Македонија повеќе нема потреба од пресој на сојузнички воени мисии во Македонија посебно што одделни членови на британската и американската воена мисија доаѓале во допир со “реакционерни“ елементи, ја клеветеле нова Југославија и се занимавале со растурање на пропаганден материјал.299 Шефот на британската воена мисија во Македонија Милер, го известил Фицрој Маклин за наредбата добиена на 8 декември 1944 година, да ја напуштат територијата на Македонија бидејќи нивното присуство во “Главниот штаб повеќе не било потребно“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)