проклет (прид.) - време (имн.)

Удри Господе, удри силно удри во ова проклето време удри по ѕверот и изродот гнасен и спаси го стадото од сатанско племе
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Како змеови да им ги пазеа влезовите - тие беа непристапни тврдини за гладните, безработни луѓе... Црни и проклети времиња!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во ова наше проклето време, Нумо, еден петел или кокошка повеќе вреди од човекот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А, како и секогаш на Балканот, сѐ беше неизвесно и во ова проклето време, во овој мачен половина век обележан со падот на две моќни империи, со две светски војни, пред да можат да се заборават балканските.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но сега и нив ги уништуваа. Проклети времиња...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга сѐ повеќе и појасно ги сфаќаше татковите толкувања за враќањето на луѓето кон козите во овие проклети времиња, кога беше фрлено семето на раздорот, кога козите ги спасуваа луѓето, детствата, кога козите во луѓето го будеа некогашниот заеднички сон.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми беше обземен од овие проклети времиња на еден подруг, задлабочен начин, кога луѓето повеќе веруваа во спасот со козите, отколку од спасот со револуционерните промени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И вртат со муцките под опашката, се касаат, го бараат редот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја префаќа кралицата, ја издигнува во височината на челото и очите и мене ми кажува: кај најдов да се родам во ова проклето време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Дејди Јоше, Јоше, велам, кому му е дојдено до свирење на ова проклето време?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може и сета нејзина вода да е замрзната до газер, до извор, о, господи, колку проклето време, да не се најде веќе, да не се врати!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)