проклет (прид.) - војна (имн.)

Командантот на бригадата ни рече дека за три дена ќе завршиме и ќе ѝ дојде крајот на оваа проклета војна и дека тие, кои ќе се покажат храбри, ќе добијат една недела наградно отсуство.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- О, мили деца, бидете среќни што заврши таа проклета војна!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Тој не беше човек“ , ѝ рече. „Сега е мртов.“ „Мртов“ , повтори нејзината згрбавеност; беше грч, клопче горко месо, суво липање. „Проклета војна“ , ја чу. „Го уби“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да не беше оваа војна во Босна и што знам јас уште каде не е, секако дека најпрво ќе одевме на Јадранско море, па потоа селско - планински туризам, но ете, проклета војна!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А и овие Грциве, ја затвориле границата и не можеме ни на тоа море да одиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)