проклет (прид.) - битка (имн.)

Во оваа изолирана земја, небаре заборавена од другите, се водеше проклета битка против човекот во името на чове­кот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Ми ја столчија во таа проклета битка за Лерин, ми ја посекоа во болницата во Елбасан и ми ја досекоа во Будимпешта...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)