присутен (прид.) - и (сврз.)

А некаде длабоко во нив, утре, кога ќе бидат сами и кога ќе треба да се одмерат, тој знаеше дека и за она ноќеска на некој чуден начин виновникот ќе биде пак тој, можеби само затоа оти беше присутен и оти остана надвор од тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакав да бидам присутен и да видам со свои очи кај ќе лежи Борко и затоа ги помолив луѓето од џиповите да ме земат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но најпрвин се задржа на турцизмот ајде (на турски hayde), присутен во сите балкански јазици, и во ладино јазикот на солунските сефарди, дури се вовлекол во рускиот и полскиот јазик, а бил присутен и во марсејскиот француски арго.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Грдо е други да обвинуваш за потфати што самиот ќе ги сториш па дури и тогаш кога била присутна и некоја нејасна присила и страв.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)