пристаништен (прид.) - град (имн.)

Ароми, мешани мириси на пристанишен град што заплиснуваат од сите страни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Надолу допира до море со голем пристаништен град со двајца светци што лебдат горе на небото а нагоре местото цело како од бишки изриено.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И музика, различна музика што доаѓа од кафеаната расеана од морето до чаршијата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа ориентална приказна беше нивната фантазија, нивниот интимен филм како „Шеикот” на Рудолф Валентино, создаден во главата на малечката продавачка од киоскот во Данциг и младиот наследник на претпријатието со сточна храна, додека создаваа градови во облаци и на места на овој свет, подобри и позанесни одошто сивите квартови и улици на пристанишниот град.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)