природен (прид.) - селекција (имн.)

Во светот опстануваат само посилните, тоа е законот на борбата за опстанок.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во меѓувреме Пакард започнал со создавање компјутерски симулации кои покажуваат дека сложените адаптивни системи се склони да еволуираат кон таа граница по пат на природна селекција.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сара климна со главата, а тој продолжи: „Јас родителството не го гледам како достигнување на среќа, туку како дел од размножувањето, а размножувањето – како дел од процесот на еволуција и природна селекција.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По таа теорија, основниот принцип на целокупниот живот, вклучувајќи го и нашиот, е механичка, пресметлива, алгоритамска низа. (De Landa 1991) Ханс Моравец смета дека до 2030 г. луѓето ќе бидат потиснати од роботи, и дека нашата свест ќе ја складираме во машини. (Moravec 1988)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Daniel Denett ги сфаќа животот и интелигенцијата како развој на несвесни процеси на природна селекција - ‘продукции и проби’ - при коишто податоците се складираат и пренесуваат по пат на гени и DNK. (Denett 1995) Според тоа сфаќање, човечката интелигенција е аналогна на ‘испразнет’ компјутерски програм, при што компјутерот е малку послободно програмиран на начин да може да учи од искуства употребувајќи ги грешките и случајните елементи - слично како човечкиот мозок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„И моето постоење е дел од процесот на еволуција и природна селекција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А не како дел од својот живот, од она што ќе биде дел од твоето постоење?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)