природен (прид.) - реткост (имн.)

А утрото, пред да биде запоседната Картагина од војниците и полицајците, Раиз раскажуваше прикаска за една извишена палма, какви што ги имаше во Картагина, кои беа под заштита како природни реткости, според туниските закони.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Градинарот Раиз ја продолжи битката со дивите билки и корењето во градината. Ја подготвуваше за пролетта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа, во Ардените најмногу ме зачуди еден факт - насекаде, се разбира, каде што за тоа имаше можности и убави природни реткости, гледав бели населби, главно распослани, по шумските пејсажи, или на полјанките, пак од сите страни заобиколени со шуми, покрај реката Урт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)