природен (прид.) - еволуција (имн.)

Татко сакаше, во долгата расправа што следеше со Камилски, да му говори за потеклото на јазиците, за нивната природна еволуција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко сметаше дека постои апсолутна рамнотежа помеѓу законите на биолошката, природната еволуција и социјалното, односно историското еволуирање на човекот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неговото залагање за природната еволуција, за откривањето и изучувањето на нејзините законитости на Балканот, наликува на една од многуте илузии, толку чести кај многу автодидакти интелектуалци на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)