привремен (прид.) - и (сврз.)

Така тие го избегнуваат соочувањето со моралните и етичките импликации на нивните практики на знаење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Верзијата што беше во употреба во 1984 и што беше систематизирана во Деветтото и Десеттото издание на Новоговорниот речник, беше само привремена и содржеше многу одвишни зборови и архаични конструкции што подоцна требаше да бидат истиснати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Револуционерната дејност е привремена и разрушувачка, а не вечна, соѕидувачка.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Описот кој не содржи критичко размислување за позицијата од која тој се артикулира не може да има други принципи освен интересот придружен со неанализираниот однос што истражувачот го има со тој објект. (Bourdieu, 1988, стр. 15) Отворената, нејасна, привремена и променлива природа на светот преку овие вистинитосни дискурси, се преведува во затворена, одредена, непроменлива и постојана.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А веќе не постоеја ниту посебните одредби за т.н. „привремени и повремени работи“ (чл. 46-48, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)