пржен (прид.) - јајце (имн.)

Глетката на двете пржени јајца што беа во чинијата му предизвика чувство на одвратност и тој ја изеде само шунката, и тоа без вкус.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во ходникот, како и секојпат, од левата врата доаѓа миризба на пржени јајца.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тие очи сега отидоа кај послужавникот и им обрнаа внимание на двете пржени јајца.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Жените од селата ни носеа леб, пити, сирење, пржени јајца со свинско.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Претседателот, сиот блед и изгубен во вратата, поцеден по муцката од маста од пржените јајца, што ги поручуваше, со касајот в уста, да го акнеш со тој чекич, истапен по камењата, што ги кршеше со него во ѕидањето и сиот бел од исушен малтер, ех, зошто не го стори тоа, зошто...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во ходникот, како и секојпат од левата врата допира миризба на пржени јајца.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)