претходен (прид.) - согласност (имн.)

Заради синдикална активност, него не може да му се намали платата или да му се откаже договорот за вработување; а работодавачот може – за времето на вршење на должноста – да му даде отказ само со претходна согласност на синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој, понатаму, може да основа одбори и комисии за одделни прашања од својот делокруг; д) положбата на синдикалниот претставник значително беше влошена со замената на децидната одредба од ЗРО (1993), според која тој имаше право на посебна законска заштита од отказ и од други шиканирања за време на својот мандат (чл. 83, ЗРО/93), со одредбата според која на синдикалниот претставник, за времето на вршење на должноста, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување ако за тоа добие претходна согласност на синдикатот!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)