претходен (прид.) - книга (имн.)

Фелоус им посветува обемна, речовита и богато поткрепена книга, Страст за зачувување (2004), на „геј-мажите како чувари на културата“. ‌Како и јас, Фелоус сака да ги истражи разновидните начини на кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите, начини што – како љубовта кон бродвејските мјузикли – одат подалеку од сексуалното однесување и честопати се пројавуваат уште во раното детство, години пред сексуалната ориентација да се изрази преку конкретниот облик на сексуална активност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во таквите дејности спаѓаат историското конзерваторство, старинарството, реставрацијата на архитектурата, внатрешното уредување, модата и стилот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ликот на таткото, најавен (заедно со библиотеката) како клучен лик и во претходните книги на Старова, е еден посебен тип на чудак, речиси алхемичар, кој верува дека сите книги од неговата библиотека, ако се прочитаат според една и само една точна синтакса, го кријат клучот на балканското историско проклетство, во кое егзилот е неодминлива судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Својот интелектуален содружник, Климент Камилски, овој Татко го наоѓа сосема случајно, во една партија покер (прекрасна метафора за балканските односи), и во него наоѓа силна потпора за својот животен, метафизички проект: да се изработи историја на падот на империите на Балканот, а причините да се најдат во јазичните супстанции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Избор од критички фрагменти за романот Атеистички музеј Антоан Жерал, од Француската академија ВЕРЕН НА СИМБОЛИТЕ И ПАРАБОЛИТЕ (...) Романот Атеистички музеј може да се ситуира во спојот на митот и животот, на полпат помеѓу двете претходни книги (Татковите книги и Времето на козите): помалку како мит и алегорија (Времето на козите) откол­ку во Татковите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Наместо да работат на поле или да поправаат земјоделска механизација, повеќе сакале да работат низ куќа, а на многумина од нив тоа добро им одело: бавчанџиство, готвење, правење зимница, редење цвеќе, украсување, шиење и други работи со игла.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во текот на истражувањето за една претходна книга, Момци земјоделци, за геј-мажите од рурално потекло,332 Фелоус забележа дека „беше изразена несообразноста со родовите улоги“ во голем број од животните приказни што ги собрал, особено во нивните рани поглавја.333 Кога биле момченца, повеќето мажи со кои разговарав особено ги привлекувале работи што биле надвор од опсегот на активностите кои се одобрувале за машките.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како и во претходните книги личностите и тука се безимени.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)