претходен (прид.) - живот (имн.)

И јас, без да бидам свестен што зборувам, кажав нешто што и ден-денес не можам да си го објаснам; од каде дојде таква луда идеја кај мене, идеја за која никогаш претходно не сум размислувал, ни близу умот не ми била, а ја изговорив (да не се тоа остатоци од некои мои претходни животи?); реков: „Во паузата би можеле да изведеме една мала, лесна циркуска еквилибристичка точка“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Завидлив беше Писмородецот, и затоа, во моите сказанија си го претставував отец Пелазгиј како молец, или барем се утешував со помислата дека во некој претходен живот (во тоа чудо, претходен живот, само јас единствен од сите отци верував) засигурно и верно бил молец, оти зависта ваистина е молец: таа, како и несреќната животинка ја јаде рубата во која се родила: зависта го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби тоа беше утеха која го редуцираше целиот свет, го сведе на една точка; можеби тоа беше психолошки механизам со кој мојата машка повредена суета се бранеше од реалноста; но можеби таа опсесија беше, и тоа сега првпат отворено ќе го кажам – остаток од некој мој претходен живот, од некоја моја претходна инкарнација.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)