претходен (прид.) - договор (имн.)

Работникот мора да се изјасни за новиот променет договор за вработување во рок од 15 дена од денот на приемот на понудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, сепак, останаа на претходниот договор, наместо по еден збор, на секоја средба да се третираат по пет, па со време ќе видат како ќе постапат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски до доцна во ноќта пребаруваше во своите речници и енциклопедии, книги и поранешни записи, за да ги одреди петте навистина опасни зборови, во продолжение на петте третирани, во утрешната средба со Татко која беше закажана кај него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако тој ја прифати понудата на работодавачот, нема право 82 на отпремнина поради престанување на претходниот договор за вработување, а го задржува правото да ја оспорува пред надлежниот суд основаноста на причината за промена на договорот за вработување (чл. 78, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вангел веќе најде начин да ме уцени и така да ја зголеми цената за метро длабинско на осумдесет германски марки, независно од претходниот договор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ама ако ја прифати оваа „фер понуда“, тогаш тој нема право на отпремнина поради престанување на претходниот договор за вработување – но, го задржува правото да ја оспорува, пред надлежниот суд, основаноста на причината за промена на договорот за вработување (чл. 76-78, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)