претсмртен (прид.) - грч (имн.)

Паралелно со нашата улица живееше, се давеше во грабливост и трешереше во претсмртен грч чаршијата - теснограда, безработна готова на детски бесмислености и ситни кражби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Оооооооф, боже, оооооф...“ и офкањето стана побрзо, погласно, таа со двете раце се фати за рамката од креветот, машката рака сега силно ја стегна за половината и таа се оптегна во некој претсмртен грч, за потоа телото да се опушти од седечката во полулежечка поза.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја отвораш устата со претсмртен грч и јас, познавајќи те добро, читајќи ти го погледот, чувствувајќи ти го срцето, разбрав дека сакаш да ми кажеш оти меѓу животот и смртта има само едно влакно.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ме гледаше во широко отворените очи со белки избраздени од стрнки на несоница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)