преселен (прид.) - во (предл.)

Хабиб Бургиба беше преселен во крајморскиот Морнаг во вилата на својата втора сопруга Васила Бургиба, со нужна заштита и медицинска нега.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури и брат ми, помлад од мене, преселен во Мелбурн, кога слушна за одлуката, се охрабри да ми напише: „Не е добро што си ја оставил работата...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По две години од настанот, во градот дошол некој човек, Турчин од Македонија одамна преселен во Кападокија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)