преполн (прид.) - миг (имн.)

Од каде ни се сили во тој згустен час да кажеме добро, еве, јас сум јас и колку сум моќен и колку сум беден не зависи толку од оваа делта и од тој нејзин јаз во одскок на целта вечерниот ветер почесто ме лови во своите мрежи и вратот ми се ежи од трепети нови на мене близок глас што ги чули за нежност ушите од сите струни во шумолот на душите ја зедов оваа за најтенка и можеби за спас. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 137
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И ќе ни се види дека просто мора брзо да се сторат сите важни дела од тука па до целта ниедна стапица не е трајна и никоја граница крајна и ниедна делта на која изборот не ни е познат и по кој пат да тргнеме пред да се отворат и пред да нѐ стеснат оние прашања во намера чесна кога сме на проба за некој можен престап.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа моќ ја делиме, оваа моќ нѐ дели со стиснати заби и распнати стрели пристигаме со желба, одлучни и смели да си ги маѓепсаме ушите да си ги стоплиме душите на некој за нас запален оган гори преполн миг, незаборавен и богат кога сме се дале и кога невозможен се чини секој иден пораз. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 136
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)