прекален (прид.) - борец (имн.)

И кај едните и кај другите што ли се случи и се случуваше во нивните души и мисли, што ли се случи и се случуваше во мислите на тие прекалени борци, па и кај оние малодушните, кои за жал таквите секогаш и секаде ги има?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бев наоружан со константите на белградската сиповска школа, која почиваше врз ригидни професионални принципи, цврста внатрешна конспиративност, но и врз отвореност градена уште од времињата кога на нејзино чело беше прекалениот борец и европски интелектуалец, филозофот и надреалистот Коча Поповиќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш, Трим Тоска, со возвишен глас, рече: - А сега, почитувани другари, посебно ви го претставувам и Јагулчета Дримски, човекот од збор и доверба, прекален борец во битките со окупаторот, но и во битките за изградбата, со големи заслуги во ликвидирањето на класниот непријател.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кутриот Камилски, некогашен јуришник од шпанските барикади, аулите на париската Сорбона, прекален борец во борбата против фашизмот во Македонија, еден од основачите на Универзитетот во Скопје, на крајот заробеник во проклетата тврдина островот Голи Оток, како да одеше на последната битка во својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)