преден (прид.) - план (имн.)

Историската брзина можеби и не е фатум; она што нас, ова списание, нè интересира и што се обидуваме да го „зрачиме” е индивидуалистичкиот пристап; историјата и нацијата како позадина за лични подвизи (придвижувања) во предниот план.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Беше тоа гравура на една заоблена градба со правоаголни прозорци и со мала кула во преден план.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но секогаш во преден план е естетичкиот слој, а не идеолошкиот - значи уметничкото дело, а не уметничката стратегија. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 45
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како што разговорот се развивал, тој сѐ повеќе чувствувал дека тоа е само обично преправање, и тоа залудно, бидејќи тој се преправал само okno.mk | Margina #22 [1995] 45 површно, во предниот план, а психијатарот ова преправање очигледно го земал совршено сериозно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во перспективистичкото изобличување од конвексното огледало предниот план е зафатен со една огромна, анатомски незамислива рака.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нејасното мислење за слободата, според него, добило конкретизирање со тоа што балканските нации „сакаат да ги тргнат народите и земјите на Балканот од дофатот и меѓусебното дејствување на империјалистичките сили, независно дали се од Оската или не“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Единствено Луис Адамиќ сметал дека „балканскиот дух избива во преден план и е многу поконкретен отколку што е обично“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Хичкок: „Не, можете да ме видите и во Станар, седам во предниот план на стол во новинската редакција.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Гледам: куќичка, лозје, во преден план лозница со натежнати гроздови... во заден план жолта корија... најобичен септемвриски пејзаж, од најобичен календар - со дванаесет месеци, за секој месец соодветен пејзаж...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На преден план - декоративен и симболичен череп до него сушени риби, ракови и книги со позлатени букви на кориците: Vita Nuova, Comedia Divina визии од платната на талијанските мајстори од XVII-от век.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
О Време, о Собитие!  Присуството завива ко жеден пес растојанието се стеснува во секавични контракции нема каде да бегаш се спрепнуваш од себеси од другите, од драгите - конечноста е вообичаено обележје на овој свет - сфаќаш, ама не вреди - традицијата не е на преден план за тебе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)