преден (прид.) - нога (имн.)

Одеа полека кон селото. Коњите разнемоштени, едно од тешкиот товар, што дотогаш го тегнеа, друго од разделбата и немоќта што не можеа да му помогнат на својот стопан, со вина во погледот врискаа... час подигајќи ги предните нозе, час се тегнеа наназад вклопувајќи ги задните нозе вземја, со високо кренат опаш ја покажуваа својата лутина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сум го удрил кај препонот на левата предна нога...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Претпоставувам дека при одење предните нозе им се отворени нанапред, а потоа свиткани за да го подигнат телото. Сѐ уште се прашувам дали скокале.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Коњот исцвили, ги испружи предните нозе и застана како закопан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Бојан нежно ја пипаше болната, предна нога на срната, а при секој малку посилен допир, животното трепнуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога Бојан ги спушти кучињата на земја, Караман навреден, со свиткана опашка се повлече до ѕидот и легна во сламата, а Стрела почна да скока и да ги опира своите предни нозе во градите на момченцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Грифонот дури потоа ќе ја свиткаше својата глава, испружувајќи ја преку предните нозе за да заспие и тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа лавна уште еднаш, сега двапати едноподруго и, откако го доби неговото внимание, стрчна, му ја задушка ногата и со двете предни нозе се исправи, ставајќи му ги на коленото од болната нога.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И не само што не знае за играње, туку ни допир не дозволува, иако си ја држи обезбедена привилегијата тоа да те душка и со предните нозе да ти се искачува до колена.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Птицевидно во муцето, со долго влакно што му го покрива телото сѐ до колената на предните нозе па изгледа како пумпарици да навлекло на себе...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се исправи како човек пред висок ѕид а копитата ги кренал за да го турне ѕидот и да помине.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Малку е необично и чудно тоа дека во истиот момент кога потстана таа и коњот ги поткрена предните нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Жив, но зашеметен, глушецот остана неподвижен, а мачорот се спружи, задните нозе ги повлече под себе, брадата си ја смести на предните нозе, а бушавата опашка почна да ја мавта на тревникот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во тој миг го здогледа бикот Чако, како со спуштена глава му се приближува, покорен пред послушноста, припитомено легна првин на предните нозе, потоа ги спушти наземи и задните и веднаш заспа, папсан од скитањето низ гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Азурно-сината туника од иберска ткаенина опуштено го обвиваше неговото тело до колена, преку неа тешката пурпурна наметка со широки ракави имаше на градите со златен конец мотив од фауната – паун и лав со дигнати предни нозе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се ватила за предните нозе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ти бацува рака, што се вели, и со предните нозе ти се качува во скутот. 131
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неочекувано песот се смири; ги подаде предните нозе и ја потпре главата на шепите; замираше во некое исчекување.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јана цврсто му ги држеше предните нозе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со увозен алат делкаше од јасеновото дрво јавач со куси нозе, не војник и не светец туку некаков ломбак без облека, широконос, без очи, со теме на кое, на шега да се забележи, можеше да се стави пепеларник; кобилата или маската под него имаше наведната, скоро набиена глава меѓу предните нозе: се притајува и ќе се пропне доколку врз грбникот и легне тежина за која уметникот и творецот не ја приготвил.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Копал ту со едната ту со другата предна нога и се опирал со задните во подготвување да се пропне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неочекувано песот се смири; ги подаде предните нозе и ја потпре главата на шепите; замираше во некое исчекување.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По обилниот ручек (келнерката Цвета беше задолжена во 14 часот да му принесе топол оброк) тој се повлекуваше зад талпите потпрени на еден бор зад осматрачницата и, додека си го вадеше, песот Мурго, мафтајќи со опашката, полека ќе му се приближеше, ќе ги кренеше предните нозе и ќе ги потпреше на неговиот грб, но Гоше силно ќе го удреше со петица по стомакот, остро, на прва, со ѓон, за да не се случи нешто непредвидено, на тоа Мурго ќе заквичеше, ќе ги свиткаше задните нозе, ќе клекнеше на тревата (таа беше мека, англиска, добро одгледана и секогаш влажна, свежо испрскана), и по неа го лизгаше курот, надигнат, црвен, светнат, го влечеше по влажната трева до оградата и назад, по неколку пати, сè додека не свршеше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Магарето успеа некако да се зачепи со предните нозе на брегот од коритото, напна да излезе, но меката земја му се срона под нозете и тоа пак продолжи да плива по водата надолу кон Методија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Се испооближа, се испочеша под мишките на предните нозе и така кевердисана слезе од дрвото оптегајќи се по стеблото надолу и скокнувајќи на земја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Шишман со стравопочит веднаш се загледа во строгиот изглед на неговата капа што како добро куче стоеше на масата пред офицерот, поткрената на фурашката како на предните нозе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дорчо скокна на предните нозе и одвај Трајче се задржа да не падне од него.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Еленчињата се зачекуваат со предните нозе и со главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Предните нозе им станале задни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стоп, стоп! – подвика Дедо Мраз кога предните нозе на елените, понесени од залетот, се качија дури по главата на човекот па додаде – Не, не, до колку мислите да ме ожените, Ви се колнам, нема да се согласам оти мојот збор не паѓа во вода, ме разбравте ли?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)