преголем (прид.) - товар (имн.)

Често мислам дека грешам и дека преголем товар му ставам кога го оставам сам да одлучува и да не му се мешам премногу.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но овој хрватски Атлас кој толку подготвено врз своите плешки го натовари универзумот на нацијата, судбината на милиони, не е никој друг туку оној истиот неугледен, ползечки гном кому и она малецко парче на најобичната, најсекодневна граѓанска одговорност 22 okno.mk му претставува преголем товар.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Како да не, го оставаш, ајде те молам, баш напротив, секогаш му стоиш над глава, детето нема мир од тебе – ѝ се нафрли тета Оце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На половина пат помеѓу селото и заборавената стара тулана, под голем стаблак на орев во чии лисја шушкаат крилја на невидени, птици и спомени, седат во круг седум старци со преголем товар на минатото врз грбот, не пијат и не пушат, и зачудо, некако со првиот предвечерен ветрец, брчките на мудрите лица им се измазнуваат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)