преголем (прид.) - напор (имн.)

Беше уморен до мачнина. Конфузно потскокнуваше неговото срце, вечното стоење во задушливо-мрачната соба беше преголем напор, предолго да се дава вештачко дишење беше злостор над самиот себе.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но, кога веќе го откри, избегни го она клекнување, за тебе и тоа би бил преголем напор, - низ смеа му одврати Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гледајќи го, навален на бирото, Мајка, во првиот миг, не сакаше да помисли на најлошото, но, сепак, со страв, се надеваше дека можеби, од преголем напор, подзаспал, како и другпат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)