преголем (прид.) - желба (имн.)

Од преголема желба да дознаам што се случило таа ноќ, веќе со ниет еден ден дури и да пишувам за семејната судбина, често инсистирав и прашував за да го дознаам и тоа што можеби и не можело објективно да се знае за патувањето, кое речиси паднало во заборав, па браќата велеа дека претерувам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мислата дека има во градов човек како тебе, толку посветен на книгите, не ми даваше мира, од преголемата желба да ја видам твојата библиотека! започна прв Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бабицата проверуваше, гледаше како плодот напредува, но постојано ја мачеше помислата: што стана со оној нејзин поранешен плод; останат ли е во неа, се стопи, или можеби се работеше за лажна бременост, каква што често се случува кај жените, особено кај оние што имаат преголема желба да имаат пород, да родат, и кои обземени од тоа и од психичката напнатост - понекогаш им се присторува како да зачнале: им се јавуваат слични знаци како кај затруднета жена: болки во стомакот, во половината, гадење, повраќање, посебна желба за јадење, несоница, чувство дека мевот им расте...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)