преголем (прид.) - апетит (имн.)

Приземаш од компирот и пак размислуваш, си велиш, ајде да бидам поет, тоа е добра работа, не, ќе ме натераат нешто да цитирам, не знаеш, тоа не е убава работа, - ајде да бидам оперски пејач, сакаш да пробаш, си голтнал цел компир, не излегува гласот, се препотуваш, најпосле се ти се помешува, срце малечко, паѓаше во очај, мислиш, ами ако нема ништо во тебе, наеднаш ти паѓа тешко, ти се слошува, сето тоа што си го кркал со преголем апетит, отров ти станало.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)