прв (прид.) - страница (имн.)

Почна внимателно да ги прелистува првите страници.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Натписот на првата страница гласеше: ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА НА ОЛИГАРХИСКИОТ КОЛЕКТИВИЗАМ Од Емануел Голдштајн
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Остана само името на љубената на првата страница на Климентовата дисертација, на која авторот ѝ се заблагодарува за извршената лектура на францускиот текст.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На првата страница е напишано, со печатна латиница: Roland Furieux poeme heroique de l`Arioste traduit en franqois par M*** a Paris chez Barrois, Libraire Qui des Angustins MDCCLVIII Avec Aprobation, E Privilege du Roi
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
По падот на сталинизмот и комунизмот во Албанија, името на чичко се најде на првите страници на листата на мачениците, беше постхумно одликуван и славен...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Читателот ќе биде предупреден уште од првите страници на книгата: „Победата или поразот никогаш не му се нудат на човекот во чиста состојба, како што впрочем животот постојано сведочи.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И точно се сеќавам на тој магичен миг кога ја отворив првата страница на првата епизода, а таму ме дочека цртежот на Кипот на слободата со опис:
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во секој број на весникот фрлаше поглед на првата страница да види дали ќе најде наслов што ќе биде укажувачки, а потоа внимателно ја прегледуваше страницата со црните хроники.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Единствената разлика беше во тоа што на дното на првата страница пишуваше: „Сите лица и настани во прикаскава се измислени.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не, си рече. На првата страница треба да дојде насловот на романот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ги отчукав на една стара машина за пишување во училиштето, ги подврзав во картонска корица, ги насловив како Енигма, напишав посвета: „На девојката со коси очи“, на првата страница го оставив мојот телефонски број (Луција ниеднаш не го побара за три години) и ѝ ја испратив по една другарка на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го принесов малечкото столче крај печката, се наместив под ламбата што беше закачена на ѕидот и ја превртев првата страница.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Во примерокот што Бах го испратил до кралот Фридрих, на првата страница било испишано: Regis Iussu Cantio Et Reliqua Canonica Arte Resoluta („По Барање на Кралот, Мелодијата и Друго Разрешени според Каноничната Уметност“).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Комисијата за проучување на заоставштината на Г.М. на И. , составена од наши еминентни стручњаци, по деталното разгледување на обликот на буквите, како и на мастилото, заклучи дека записот на првата страница од жолтата тетратка веројатно потекнува од младешките денови, пред доаѓањето на младиот мајстор во Градот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Овој сон ми наиде откако ја бев издал онаа избрзана наредба: патот да се пушти во употреба на Први мај !
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Изгледа во овој случај некомпетентно се бев впуштил во натпревар со времето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се клешти и ми се заканува: „Сакаше за празникот да ја имаш првата страница? Еве, ќе станеш цел лист, само да те престигнам!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја погледнав првата страница на магазинот Телерама и прочитав дека овој број во Франција ќе биде печатен во 627 400 примероци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се обидов да прочитам што пишува на првата страница.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Прелистуваше, пре­ли­стуваше, гледаше, од последната се враќаше на првата страница, небаре откриваше нешто сомнително во него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)