прв (прид.) - контакт (имн.)

Аеродромскиот паркинг е првиот контакт со новата планета.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Првиот контакт со Грција и не ми остави некаков впечаток, веројатно затоа што контактирав само со нашите кои живеат во Лерин.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тврдината од хартија, пред која беше исправен, по толку балкански и светски војни, по толку палежи, го доживуваше, по многу векови, првиот контакт со жив човек.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа беше црта зад која се криеја, подредени мирни како во војнички ред, сите други особини, кои веднаш по првиот контакт со неа, се појавуваа, ѕиркаа една по една пред мене и маршираа под знамето на давањето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш Пјер Мандес Франс, кој ги водеше и преговорите за независноста на Тунис, со својата сопруга Мари- Клер, ќе ги организира и првите контакти на Палестинците со Израелците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бидејќи ова беше наш прв контакт, ќе го задржиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако во мојата земја неколку години предходно интензивно го учев фрнцуски јазик, сега кога бев во Франција, уште со првите контакти со Французите кои толку многу зборуваа без здив да земат, а згора на сето тоа и многу брзо зборуваа, бев на чисто дека имам уште многу да работам за да го научам јазикот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа според кажувањето на Ерик Руло, во еден разговор, беше и условот Митеран да се сретне со палестинскиот лидер во Париз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)