прв (прид.) - животно (имн.)

Детето е подзинато, плаче, ги испушта првите животни гласови, се тресе од студ или од страв - оставено без мајчина утроба.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Чанга дозна, од татковите книги дека козата била првото животно чиешто млеко го пиел човекот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Припитомена меѓу првите животни од човекот во рајските градини на Месопотамија, козјата трагедија, според Жан Домек започнува по Француската буржоаска револуција во 1789 година, кога во името на прогресот, започнува борбата против козите, како животни кои, уништувајќи ги шумите и цветните градини во Франција, ја загрозуваа цветната иднина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)