прашлив (прид.) - пат (имн.)

Ако беше лето, тогаш човекот од приказната одеше по прашлив пат, низ суви пусти полиња, низ изгорени села.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На луѓето им се одзеде сонот: стоеја на прозорците, ѕиркаа кришум да не ги забележи војската, да не им ја забележи радоста што им зрачеше на лицата од скорото пробивање на фронтот: и дење кога ќе врвеа војските по прашливиот пат уморени и јадосани, луѓето пак подбегнуваа понастрана, не сакаа да се сретнат со нив, не сакаа да ги дразнат со своите погледи, да предизвикуваат кај нив бес, зашто знаеја од поранешните војни: ранетата ѕверка не треба да се гиба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го помрднувам показалецот по мапата по исцртаното патче што слегува до некогашниот долен, прашлив пат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Над прашливиот пат се куќите, односно биле куќите, сиот тој простор, сè таму горе до каде што стигнало сега езерото, до под осамената куќа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Внатре се влегуваше речиси право од прашливиот пат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се издолжи реката луѓе од црквата Св.Никола до Големиот мост, кон железничката станица, а потоа по прашливиот пат кон Сушево, кон Крстот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)