практичен (прид.) - потреба (имн.)

Официјалната идеологија изобилува со противречности, дури и таму каде што за нив не постои никаква практична потреба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислите ми лунѕаа подалеку од денот и часот, од практичните потреби на мигот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше некоја тага во купувањето по супермаркетите, во тоа отсуство на духот сред купиштата материја, кое додуша понекогаш е неопходно за и најдуховниот да се сосредоточи на неговите практични потреби, дури и ако тие за него завршуваат кај млекото и лебот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)