празен (прид.) - пушка (имн.)

Зад мене штракаат празни пушки, а јас уште гледам по капетан Мирковиќ, по командирот мој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Условот за тоа беше тој да достои на тоа место, па и со празна пушка сеедно. Достоја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога се поврати од бунилото, сиот испотен, како да претрчал планини и планини, и додека си ги собираше душата и силите, наеднаш сфати дека денеска можеше да биде убиен; во гневот заборавил да ја наполни пушката и така, со празна пушка, се истопори пред Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Каков лош војник е тој, - рече ефрејтерот, сеќавајќи се на она кога го фати со празна пушка.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)