празен (прид.) - прозорец (имн.)

Зејат со празните прозорци, ги разјадува времето. До нив нови куќи. Нови луѓе. Улиците полни со детска смеа...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зафатиле доволно место под првиот празен прозорец, натаму од нив маж, жена и пожолтена мома.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Испуканите ѕидови и земјениот под на напуштената крчма ќе беа дел на затвор од старовремски прикаски за некој дрпниќесе или востаник ако празните прозорци ги замрежуваше железо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од другата страна, спрема источните празни прозорци место си фати сувиот и висок човек, сосема на крајот и тајфа од маж и жена и куп деца, некој си Сипкови, Сопкови, така некако.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Внучката радосно дотрчува и по неколку минути, држејќи се за раце, излегуваат од зградата на хотелот, и се упатуваат, под истрошеното сонце, кон колибата, полуурнатата куќарка со празни прозорци и врати на другиот крај на плажата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)