празен (прид.) - поглед (имн.)

Мојот коњ пцовиса претходната ноќ од преголемите напрегања по оваа ледена зима; мојата слугинка трчаше по селото за да позајми коњ; но беше безнадежно, го знаев тоа, и сè повеќе завеан со снегот, станувајќи сè повкочанет, стоев така бесцелно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Верглата мрмори глуво и глуво мрмори Сена. Сликарот бавно стана и празен поглед крена.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Август не слуша веќе што говори акробатот со куси клепки, под кои не може да се сокрие празниот поглед.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Константин З , кој го презира и Скопје и Битола, и сите градови на новите предели, за оваа касаба, лесна за техничка обработка, има поеднакво и неподелено мислење, па го гледа командантот со празен поглед, технички заблагодарувајќи му се на предварителната покана што брзо ја запрета и ја отфрли меѓу неважните податоци во свеста. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во празниот поглед немаше ниту љубов, ниту збогување, ниту знак дека некого познава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Жал ми е за детулето. Во неговиот кравет легна сув човек со празен поглед.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога и јас самата отидов за да ги видам со свои очи, она што најмногу ме допре беа нивните усти зинати од глад по туѓото ; и празните погледи им ги видов на воините, загледани во ништожноста.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)